Централната церемонија на Празникот на Републиката се одржува во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

Централната церемонија по повод 29 октомври Празникот на Републиката се одржува во мавзолејот на основоположникот на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“ во главниот град Анкара

1296343
Централната церемонија на Празникот на Републиката се одржува во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

29 октомври Празникот на Републиката, денеска, на 96 годишнината од своето формирање се слави со радост, воодушевување, церемонии и манифестации во цела Турција.

Централната церемонија по повод Празникот на Републиката се одржува во главниот град Анкара.

Најпрвин државната делегација на чело со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претставниците на политичките партии ќе го посетат мавзолејот на основоположникот на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“.

Потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара ќе ги прими честитките, а воедно ќе биде домаќин и на свечениот прием по повод Празникот на Републиката што ќе се одржи во Конгресниот и културен центар „Миллет“ („Народ“) во претседателската палата. 

Пред Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) пак ќе се одржи концерт на воениот оркестар и оттука од Собранието ќе се одржи свечена поворка марш на Празникот на Републиката до Првото Собрание во квартот Улус.

 



Слични вести