Специјално видео од кабинетот на претседателот по повод Празникот на Републиката

Во видеото се раскажува за историскиот процес од извојуваната победа на Битката на Малазгирт со која Анадолија стана татковина на Турците, до 29 октомври 1923 година прогласувањето на Републиката

1296380
Специјално видео од кабинетот на претседателот по повод Празникот на Републиката

Од страна на кабинетот на претседателот на Република Турција е подготвено специјално видео по повод одбележувањето на 96 годишнината од формирањето на Републиката.

Во видеото се раскажува за историскиот процес од извојуваната победа на Битката на Малазгирт со која Анадолија стана татковина на Турците, до 29 октомври 1923 година, денот кога беше прогласена Републиката.

Сликите изработени со маслени бои во видеото ги презентираат борбите коишто беа водени во текот на историјата на турската војна на различни битки и места, Битката на Малазгирт, војната на бојното поле кај Варна, освојувањето на Истанбул, битката на бојното поле кај Мохач, поморската битка кај Превеза, Битката на Чанаккале, Битката на Сакарја и народноослободителната војна.

Во придружба на снимки со виорење на знамиња на турските држави кои биле формирани низ историјата, видеото започнува со зборовите „Приказната на нашиот честит народ е еден таков еп којшто порасна со незаборавни извојувани победи низ историјата.“ 

Видеото завршува со зборовите „Наследството е човештвото, по трагите на предците... Вчера древните наследници на толеранцијата и совеста во Азија и Европа, денеска единствена гаранција на спокојството и мирот во Африка и на Блискиот исток... Нека е честита 96 годишнината од формирањето на нашата Република која е формирана со елан, одлучност, храброст и самопожртвуваност и која од минатото кон иднината е измесена со независност.“

 



Слични вести