Прослави по повод 29 октомври Празникот на Републиката во земјата

Ширум земјата се одржуваат прослави и се приредуваат различни манифестации по повод 29 октомври Празникот на Републиката

1296332
Прослави по повод 29 октомври Празникот на Републиката во земјата

Како секоја година, така и оваа година, 29 октомври Празникот на Републиката се слави со голема радост и прослави во целата земја и во надворешно-конзуларните претставништва на Турција ширум светот.

Државната опера и балет во градот Мерсин во рамките на манифестациите за прославување на Празникот на Републиката синоќа приреди концерт.

Со концертот им беа претставени на љубителите на уметноста сценски изведби од Битката на Чанаккале, Битката на Сакарја и од Големата офанзива кои одиграа голема улога во епот за формирање на Република Турција.

Во градот Карабуќ по повод 29 октомври Празникот на Републиката беше одржана свечена поворка. Голем број граѓани со џиновски турски знамиња и факели во придружба и на оркестарот на општината маршираа на плоштадот на градот.

Воодушевувачки прослави се одржаа и во градот Ескишехир.

На реката Порсук во градот се одржа поворка со чамци и беше приреден огномет. 

Илјадници граѓани кои ги исполнија мостовите и брегот на реката Порсук пееја маршеви и ја гледеа поворката.

Адреса на прославите каде што се свиреше на тулум, вид традиционален дувачки инструмент сличен на гајда и се играше хорон вид народна игра карактеристична за црноморската област, беше населеното место Чајели кај градот Ризе, на црноморксиот брег. 

Голем број граѓани кои се собраа во паркот „Ахмет Месут Јилмаз“ маршираа кон центарот на населеното место и на тој начин ја славеа 96 годишнината од формирањето на Републиката.

Прослави имаше и во населеното место Соќе кај градот Ајдин каде што исто така беа одржани различни манифестации. 

Големиот број граѓани кои се собраа на плоштадот на Републиката, маршираа со факели и труски знамиња во своите раце, а во центарот на Соќе се одржа и концерт на кој дојдоа голем број граѓани од секоја годишна возраст.



Слични вести