На свечениот прием по повод Празникот на Републиката вечерва се поканети приближно 5 илјади гости
Свечениот прием којшто во претходните години се одржуваше во претседателската палата „Куллијето“, оваа година за прв пат ќе се одржи во Салата за изложби во склопот на Конгресниот и културен центар „Миллет“ („Народ“) и се поканети приближно 5 илјади гости

По повод 29 октомври Празникот на Републиката вечерва во Салата за изложби во склопот на Конгресниот и културен центар „Миллет“ („Народ“) во Бештепе во Анкара, ќе се одржи свечен прием чиј домаќин ќе биде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.
Свечениот прием којшто во претходните години се одржуваше во претседателската палата „Куллијето“, оваа година за прв пат ќе се одржи во Салата за изложби во склопот на Конгресниот и културен центар „Миллет“ („Народ“).
Исто така и секоја година и оваа година на свечениот прием се поканети голем број граѓани од различни професии и структи.
На свечениот прием на кој се очекува да учествуваат приближно 5 илјади поканети гости, исто така ќе учествуваат и офицери, подофицери, војници и здравствени работници на задача во операцијата Извор на мирот којашто е започната источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.
На свечениот прием ќе се читаат и делови од светата муслиманска книга Куранот, а ќе учествуваат и личности кои се вклучени во различни проекти за социјална одговорност во земјата.
Слични вести

Денеска под претседателство на претседателот Ердоган ќе се одржи 14. самит на Организацијата за економска соработка
