Министерството за национална одбрана објави видео спот по повод Празникот на Републиката

Видео спотот во траење од 1 минута и 34 секунди за кусо време беше лајкуван и споделен од страна на голем број корисници на социјалните медиуми

1296584
Министерството за национална одбрана објави видео спот по повод Празникот на Републиката

Од страна на Министерството за национална одбрана преку социјалните медиуми е објавен видео спот подготвен по повод 29 октомври Празникот на Републиката.

Видео спотот е објавен на социјалните медиуми под насловот „Со почит и благодарност се сеќаваме на нашите јунаци од народноослободителната борба на чело со нашиот вечен Врховен командант Гази Мустафа Кемал Ататурк, кои ни ја подарија Републиката. Нека е честит 29 октомври Празникот на Републиката.“

Видео спотот во траење од 1 минута и 34 секунди за кусо време беше лајкуван и споделен од страна на голем број корисници на социјалните медиуми.

Во спотот се нагласува значењето на единството и заедништвото, а воедно се објавуваат снимки на Гази Мустафа Кемал Ататурк, на војници од времето на Националната борба и од вежби и операции реализирани под тешки услови од страна на воените единици на копнените, поморските и воздушните сили.



Слични вести