Мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ преплавен од посетители по повод Празникот на Републиката

Мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара денеска, на 29 октомври Празникот на Републиката, беше преплавен од голем број граѓани, посетители, од секоја годишна возраст

1296654
Мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ преплавен од посетители по повод Празникот на Републиката

Денеска, на 29 октомври Празникот на Републиката кога ја одбележуваме 96 годишнината од прогласувањето на Републиката, мавзолејот на основоположникот на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“ во Анкара, пречека илјадници посетители од секоја годишна возраст.

Мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ по одржување на официјалната церемонија со учество на државната делегација предводена од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, беше отворен за посета на народот.

Илјадници граѓани од секоја годишна возраст кои дојдоа од различни делови на Турција, положија цвеќе на гробот на Ататурк и го прошетаа мавзолејот „Аниткабир“. 

Меѓу големиот број граѓани кои со турски знамиња во своите раце и облечени во црвено-бело (боите на турското знаме) дојдоа во вечното почивалиште на Ататурк, имаше ученици, студенти, млади и стари, семејства со своите деца и бебиња, а некои стари лица по степениците коишто водат до гробот на големиот лидер се искачија со своите бастуни. 

Освен внатре во мавзолејот голем број граѓани од секоја годишна возраст имаше и во пошироката околина на мавзолејот.

Особено голема заинтересираност кај граѓаните будеше смената на стражата на војниците гардисти на задача во Командата на Аниткабир.

Смената на стражата на војниците беше дочекана со воодушевување од страна на граѓаните, а некои од нив сликаа спомен фотографија со војниците кои чуваат стража во „Аниткабир“.



Слични вести