Алтун: Признавањето на еден терорист челник од страна на нашите сојузници ќе биде штетно за нашите односи

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун повтори дека признавањето на терористите челници од страна на нашите сојузници ќе им наштети на односите

1296460
Алтун: Признавањето на еден терорист челник од страна на нашите сојузници ќе биде штетно за нашите односи

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер се осврна на вестите во однос на тоа дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе ги пречекаат челниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Алтун повтори дека признавањето на терористите челници од страна на нашите сојузници ќе им наштети на односите. 

Во својата објава Алтун напиша: „Повторуваме дека признавањето на еден терористички челник од страна на нашите сојузници ќе биде штетно за нашите односи.“ 

„Оваа состојба, заедно со тоа што претставува прекршување на националното и меѓународното право, е во спротивност и со духот на стратешко партнерство и сојузништво. Непредвидливите политики кон нашиот регион, ќе доведат до проблеми коишто ќе траат долго време, ќе го дестабилизираат целиот регион и ќе ги зголемат ризиците против меѓународната безбедност. Органите на САД не само што не треба да им издадат било каква виза на терористичките челници, истовремено треба да соработуваат со своите сојузници за да ги предадат на правдата.“ - напиша Фахреттин Алтун, шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот, во својата објава на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести