Претседателот Ердоган по повод Празникот на Републиката: Водиме слична војна со онаа на Војната за независност пред еден век

Претседателот Ердоган во пораката по повод 29 октомври Празникот на Републиката истакна дека како народ и држава се наоѓаме во една историска борба и рече: „Со различни методи водиме борба слична со онаа на Војната за независност пред еден век“

1296272
Претседателот Ердоган по повод Празникот на Републиката: Водиме слична војна со онаа на Војната за независност пред еден век

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод 29 Октомври Празникот на Републиката, истакна дека со почит се сеќава на јунаците на чело со Гази Мустафа Кемал Ататурк, кои имаа заслуга во извојување на победата и формирањето на новата држава во Војната за независност, со минато од еден век.

Ердоган истакна дека како народ и држава се наоѓаме во една историска борба и рече: „Со различни методи водиме борба слична со онаа на Војната за независност, пред еден век.“

Велејќи дека со цел да ги одбраниме нашето постоење и нашата иднина, во последните години се наоѓаме во уште една историска борба, претседателот Ердоган рече: „Со различни слики и методи водиме слична борба со нашата Војна за независност којашто ја започнавме пред еден век и ја крунисавме со формирање на нашата нова држава, нашата Република. За нарушување на нашето национално единство и заедништво (слога) се презентира секој вид игра, се врши секој вид подбуцнување. Непрекинато продолжуваат повеќенасочни напади коишто целат против нашиот суверенитет, од безбедноста на нашите граници до нашата економија.“

Претседателот Ердоган подвлече дека Турција со својата древна историска акумулација, коренитото државно искуство и приближно едновековната републичка акумулација располага со моќ, можности и одлучност за надминување на сите овие проблеми.

„Од се срце верувам дека и овој значаен процес низ којшто поминуваме ќе го заокружиме успешно во усогласеност со визијата на оние кои нашата Република ни ја оставија како наследство. На многу посилен, многу попросперитетен начин ќе ја водиме нашата Република кон уште долги години.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака што ја објави по повод 29 октомври одбележувањето на 96 годишнината од формирањето на Републиката.



Слични вести