Порака од министерот за национална одбрана Хулуси Акар по повод 29 Октомври Празникот на Републиката

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во пораката што ја објави по повод 29 Октомври Празникот на Републиката ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот

1296118
Порака од министерот за национална одбрана Хулуси Акар по повод 29 Октомври Празникот на Републиката

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во пораката што ја објави по повод 29 Октомври Празникот на Републиката ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот.

Велејќи дека со операцијата Извор на мирот се има за цел да се стави крај на постоењето (да се елиминираат) на терористичките организации ДЕАШ, ПКК, ПЈД и ЈПГ, Акар во пораката напиша: „(Турскиот војник) Мехметчик е покрај своите сириски браќа и во источниот дел на Еуфрат, а е против терористичките организации.“

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, Акар во својата објавена порака по повод 29 Октомври 96 годишнината од формирањето на Републиката, го истакна следното: „Го доживуваме поносот и воодушевувањето од прославување на 96 годишнината од нашата Република која беше формирана под водство на Ататурк и со самопожртвуваност и јунаштво.“

Велејќи дека Републиката го продолжува својот пат со принципот „Сувереноста безусловно му припаѓа на народот“ без притоа да се откаже од својата цел, Акар даде порака за одлучност во борбата против тероризмот.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека борбата нема да заврши се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.

Акар го подвлече и тоа дека цел на Турција со операцијата Извор на мирот се терористичките организации кои го водат регионот кон хаос.



Слични вести