МО:„Операцијата на САД во Идлиб беше извршена согласно духот на сојузничката и стратешка соработка“

Операцијата беше остварена соработка согласно принципите за меѓусебна соработка и спречување на меѓусебната интервенција

1295759
МО:„Операцијата на САД во Идлиб беше извршена согласно духот на сојузничката и стратешка соработка“

Министерството за национална одбрана соопшти дека САД во операцијата против тероризмот и терористичките организации ДЕАШ (ИСИЛ), ПКК/ПЈД/ЈПГ на Илиб во Сирија се однесуваше согласно духот на сојузништвото и стратешката соработка.

По соопштението на САД во кое беше истакнато дека бил убиен Ебубекир Ал Багдади, челникот на ИСИЛ, Министерството за национална одбрана на Турција објави соопштението во кое го истакна следното:

„Во рамките на операцијата беше остварена соработка согласно принципите за меѓусебна соработка и спречување на меѓусебната интервенција, беа предупредени воените единици и беше обезбедена навремена безбедност на персоналот.

Пред операцијата на САД која беше извршена во сабота навечер на Идлиб, воените органи меѓусебно разменија информации и податоци и беше воспоставена координација.

САД во операцијата против тероризмот и терористичките организации ДЕАШ (ИСИЛ), ПКК/ПЈД/ЈПГ на Илиб во Сирија се однесуваше согласно духот на сојузништвото и стратешката соработка“ беше објавено во соопштението на Министерството.



Слични вести