Претседателот Ердоган: Турција го дочекува со задоволство убивањето на челникот на ДЕАШ

Претседателот Ердоган истакна дека убивањето на водачот на терористичката организација ДЕАШ претставува пресвртна точка во заедничката борба против тероризмот и се дочекува со задоволство

1295635
Претседателот Ердоган: Турција го дочекува со задоволство убивањето на челникот на ДЕАШ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со убивањето на челникот на терористичката организација ДЕАШ Багдади.

Ердоган истакна дека убивањето на водачот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади претставува пресвртна точка во заедничката борба против тероризмот и дека се дочекува со задоволство.

Тој во својата објава на Твитер напиша: „Убивањето на челникот на ДЕАШ претставува пресвртна точка во нашата заедничка борба против тероризмот. Турција која ја плаќа најтешката цена во борбата против ДЕАШ, ПКК/ЈПГ и другите терористички организации, го дочекува со задоволство овој развој.“

Претседателот Ердоган го нагласи и тоа дека лично е убеден во тоа оти одлучната борба против тероризмот во рамките на духот на сојузништво, ќе донесе мир за целото човештво.



Слични вести