Алтун: Борбата против ДЕАШ е камен темелник на операциите на Турција во борбата против тероризмот во Сирија

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун наиша на Твитер дека борбата против тероризмот, е камен темелник на операциите на Турција во борбата против тероризмот во Сирија

1295606
Алтун: Борбата против ДЕАШ е камен темелник на операциите на Турција во борбата против тероризмот во Сирија

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот заедно со своите пријатели и сојузници.

„Продолжуваме да работиме со нашите пријатели и сојузници во борбата против секој вид тероризам. Сега е време да бидат уништени сите останати терористички челници.“ - напиша Фахреттин Алтун на Твитер.

Во меѓувреме, Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер направи проценка и во врска со борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Велејќи дека борбата против ДЕАШ, е камен темелник на операциите на Турција во борбата против тероризмот во Сирија, Фахреттин Алтун напиша: „Ќе ги фатиме сите терористи на ДЕАШ и ќе продолжиме да ги предаваме на правдата, вклучувајќи ги терористите кои терористичката организација ЈПГ/ПКК во последните недели ги пушти на слобода од затворите. Ќе соработуваме со изворните земји за да се обезбеди да бидат вратени назад во нивните сопствени земји странските терористички борци кои се приклучиле кон ДЕАШ.“



Слични вести