Во операцијата „Шепа-3“ на северот на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Во операцијата „Шепа-3“ во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1295077
Во операцијата „Шепа-3“ на северот на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Во реализирана операција во рамките на операцијата  „Шепа-3“ која продолжува во северниот дел на Ирак, се неутрализирани четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека операцијата „Шепа-3“ продолжува успешно во северниот дел на Ирак според планираното и дека продолжуваат активностите за пребарување на теренот, како и неутрализирање и уништување на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и оружјето, муницијата, засолништата и скривниците на терористите. 

Во соопштението се вели дека турските командоси во областа Хафтанин на северот на Ирак утврдиле група терористи кои правеле подготовки за зимување и дека на повикот на командосите "да се предадат" терористите одговориле со оган и во реализираната операција биле неутрализирани четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението исто така се нагласува дека операциите во подрачјето ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.



Слични вести