Хулуси Акар: На теренот сѐ се одвива според планираното, во рамките на постигнатиот договор во Сочи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека активностите и применувањата на теренот се одвиваат според планираното, во рамките на постигнатиот договор во Сочи

1295226
Хулуси Акар: На теренот сѐ се одвива според планираното, во рамките на постигнатиот договор во Сочи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по состанокот на Министрите за одбрана на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел, во Постојаното претставништво на Турција во НАТО се состана со новинарите каде што истакна дека борбата против тероризмот продолжува со одлучност и дека се цели само против терористите.

Акар истакна дека активностите и применувањата на теренот се одвиваат според планираното, во рамките на постигнатиот договор во Сочи и рече: „Наша цел се само терористите. Курдите се наши браќа. Меѓу нас нема никаква разлика и поделба.“

Привлекувајќи внимание на дезинформациите со лажните вести коишто заземаат место особено во западните медиуми, Хулуси Акар рече: „Тогаш кога ние ќе речеме 'ЈПГ/ПКК', кога ќе речеме 'терористите' во западните медиуми велат 'Турците ќе реализираат операција против Курдите'. Не станува збор за такво нешто. Ние влеговме во Тел Абјад, во Расулајн. Таму има Арапи, Курди, Арами, Асирци. Име луѓе од голем број етнички групи. Ние немаме проблем со никој од нив. Животот, имотот на сите нив е под наша гаранција. Нивната заштита, одбрана, претставува прашање на достоинство за нас, тоа треба да се разбере од страна на секој.“

Акар исто така го истакна и тоа дека во операцијата Извор на мирот се почитуваат сите човекови права и меѓународни правила.

Нагласувајќи дека во операцијата се придава големо значење на чувствителноста кон цивилите Хулуси Акар покажа реакција против кампањите на оцрнување и го рече следното: „Етничко чистење не е збор којшто би можел да се употреби толку лесно. Не е етичко (морално) тоа да се говори, да се пишува, на начин којшто нема никаква врска со вистината. Апсолутно не станува збор за нечовечни применувања како што се  прекршување на било каков начин на човековите права или употреба на хемиско оружје.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека продолжува според планираното и постигнатиот договор во Сочи и рече: „(Спогодбата од Сочи) се одвива сосема нормално, според планираното. 150'те часа завршуваат на 29 октомври во 18:00 часот. Дотогаш ќе ги следиме одблизу случувањата. Состојбата потоа ќе ја процениме повторно и ќе го направиме неопходното.“

Осврнувајќи се и на предлогот во врска со безбедната зона којшто пристигна од Германија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Нека дојдат, најпрвин да го разбереме точно предлогот, што е, што не е. Заедно со овој предлог, во усогласеност со работата којашто ја водиме под лидерство на нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган), би можеле да ги продолжиме нашите активности по прашањето на негово обединување, би можеле да ја завршиме нашата проценка.“



Слични вести