Ердоган: Доколку подрачјето не се исчисти од терористите, целата чистка ќе ја реализираме ние

„Доколки на крајот од 150'те часа во рамките на спогодбата од Сочи не биде исчистено подрачјето од терористите, потоа оваа работа ќе ја преземеме ние и целата чистка ќе ја направиме ние“ - рече претседателот Ердоган

1295286
Ердоган: Доколку подрачјето не се исчисти од терористите, целата чистка ќе ја реализираме ние

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на редовниот состанок на Врховниот Одбор на Советот на Спортскиот Клуб Фенербахче во Истанбул.

Ердоган истакна дека во глема мера е постигната целта по прашањето на воспоставување на безбедна зона за спречување на нападите на терористичките организации ПКК, ЈПГ и ДЕАШ кои од Сирија се насочени кон Турција.

„Доколки на крајот од 150'те часа во рамките на спогодбата од Сочи не биде исчистено подрачјето од терористите, потоа оваа работа ќе ја преземеме ние и целата чистка ќе ја направиме ние.“ - рече Тој.

Велејќи дека апсолутно никако не може да стане збор да се седне на маса со терористите, претседателот Ердоган во својот говор рече: „Постојат некои работи коишто не вознемируваат. Претседателите на големи држави седнуваат на масата разговараат со терористичките челници и од нас сакаат да бидат посредници. Ние никако нема да седнеме на маса со овие терористи и нема да прифатиме овие да бидат посредници.“

„Нашето очекување од меѓународната заедница е да се покажува почит кон нашата чувствителност во врска со безбедноста на нашите граници, да се даде поддршка на нашите проекти во врска со враќањето назад на Сиријците во нашата земја“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и во својот говор го подвлече следното: „Доколку терористичката организација ги продолжи нападите од појасот од 30 километри или од надвор, ќе ги гониме до каде и да бегаат и ќе го направиме неопходното. Ако затреба заедно со безбедната зона помеѓу Тел Абјад и Расулајн ќе ги изградиме становите во кои би можеле да живеат заедно бегалците, местата со социјални потреби со инфраструктурата и супструктурата. Тоа ќе му го покажеме докажувајќи му го и на светот и ќе велиме 'Ете видете, ова е турскиот народ'.“

Ердоган во својот говор обраќајќи и се и на Европа нагласи дека доколку не се даде поддршка на проектите коишто се развиваат за враќање назад во прва етапа на делот од 1 до 2 милиони Сиријци од 3 милиони 650 илјади Сиријци во Турција, нема да остане друго решение освен да бидат отворени границите. 

„Ќе ги отвориме вратите, нека тргнат кон Европа“ - подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести