Ердоган: „Ние не сме непријатели со Курдите“

Челниците на терористичката организација одржуваат средби со Германија, Франција и САД

1294510
Ердоган: „Ние не сме непријатели со Курдите“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Ние не сме непријатели со Курдите. Нашата борба е против терористите“.

Синоќа претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше гостин на Турската радио и телевизија и одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган рече:

„Челниците на терористичката организација одржуваат средби со Германија, Франција и САД. Терористот со кодно име Мазлум се бара со црвен билтен. САД треба да ни го предадат овој терорист.“

Во освртот на операцијата „Извор на мирот“ на Турските вооружени сили која ја започнаа источно од реката Еуфрат во Сирија а која подоцна беше запрена до одреден период рече:

„Името на операцијата потекнува од големиот број извори кои се наоѓаат источно од Еуфрат. На тој начин започна операцијата „Извор на мирот“.

Ние не сме непријатели на Курдите. Тие се наши браќа. Нашата борба е против терористите. Ние дојдовме повторно да го изградиме и обновиме подрачјето, а не да го уриваме“.

На прашањето; „Дали операцијата ќе го опфати и подрачјето Ајн ал-Арап?“, претседателот Ердоган рече дека тоа зависи од случувањата.

„САД во својство на стратешки сојузник на Турција во НАТО за жал на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и обезбеди над 30 илјади камиони оружје и муниција. Затоа ова тешко оружје и муниција што побргу треба да се исчисти од Сирија или да се донесе во Турција. Ако сме заедно во НАТО, тогаш ова оружје треба да ни го предадат на нас.“

Надоврзувајќи се на искрените односи со американскиот претседател Доналд Трамп, претседателот Ердоган рече дека на поканата за посета на 13 ноември, ќе замине со делегација.



Слични вести