Чавушоглу: Разговорот на нашите сојузници со терористот Мазлум Кобани е неприфатлив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека разговорот на сојузниците на Турција со лице по кого се трага со црвена потерница (терористот Мазлум Кобани) е неприфатлив

1294913
Чавушоглу: Разговорот на нашите сојузници со терористот Мазлум Кобани е неприфатлив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со контактите на САД со терористичкиот водач, челник, на ПЈД (сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК) Мазлум Кобани го рече следното: „Разговорот на нашите сојузници со лице по кого се трага со црвена потерница (терористот Мазлум Кобани) е неприфатлив.“

Велејќи дека на САД им е доставена писмена нота по ова прашање, Чавушоглу рече: „За терористот со кого контактирате има распишана црвена потерница од Интерпол. Не може да се прифати тоа што разговарате со еден терорист по кого се трага.“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп упати пофалби до терористот за кого станува збор преку социјалната мрежа Твитер, а воедно и американските сенатори соопштија дека истиот овој терорист ќе поканија во Вашингтон.

Терористичкиот водач, челник на ПЈД (сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК) Мазлум Кобани е лице од чија страна се издадени наредби за реализирање на неколку крвави терористички акции во Турција,  а воедно во периодот од 1997 до 2003 година ги водеше активностите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Европа.



Слични вести