Алтун: „Загрижени сме од ставот на некои американски политичари кон терористот Мазлум“

Ферхат Абди Шахин е еден од челниците на ПКК која од страна на САД и другите земји се смета за терористичка организација

1294518
Алтун: „Загрижени сме од ставот на некои американски политичари кон терористот Мазлум“

Претседателот на Управата за комуникации Фахретин Алтун рече:

„Чувствуваме длабока загриженост од ставот и начинот на однесување на некои американски државни претставници и политичари кон терористот Ферхат Абди Шахин кој е познат под кодното име Мазлум, бидејќи се донесуваат како да е некоја легитимна политичка фигура“.

Во интервјуто за Ројтерс Алтун рече:

„Ферхат Абди Шахин е еден од челниците на ПКК која од страна на САД и другите земји се смета за терористичка организација а кој истовремено и криминалец. Шахин се бара со црвена потерница од страна на Интерпол поради низа терористички напади врз турските безбедносни сили, еден напад врз НАТО и напади врз невините цивили.“



Слични вести