Остра реакција од Ибрахим Калин: Откако ПКК, нивниот пион во Сирија задоби тежок удар ги зафати паника

Ибрахим Калин покажа остра реакција против француското списание „Ле Пуан“ („Le Point“) кое на својата корица ја стави фотографијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган: „Откако ПКК, нивниот пион во Сирија задоби тежок удар ги зафати паника“

1294272
Остра реакција од Ибрахим Калин: Откако ПКК, нивниот пион во Сирија задоби тежок удар ги зафати паника

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во соопштението коешто го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер покажа остра реакција против француското списание „Ле Пуан“ („Le Point“) кое на својата корица ја стави фотографијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, потсетувајќи притоа на француската историја.

Калин напиша: „Франција, која ги експлоатира Алжир, Габон, Мавританија, Сенегал, Гвинеја, Конго, Тунис, Коморските острови, Мадагаскар, Џибути, Мали, Бенин, Чад и Мароко, која измасакрира илјадници луѓе и се бавеше со трговија со робови и која беше посматрач на масакрот во Руанда... И, едно француско списание кое ја префрла клеветата за 'етничко чистење'.“

„Јасно стои зошто го напаѓаат нашиот претседател: Откако ПКК, нивниот пион во Сирија задоби тежок удар и им се расипаа игрите, ги зафати паника. Го пробаат секој пат за да ги одбранат своите кукли, меѓутоа не можат да добијат резултат. Курдите не се и нема да бидат ваши подизведувачи. Вашите експлоататорски денови останаа во минатото.“ - истакна портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во соопштението коешто го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести