Претседателот на САД Доналд Трамп издаде наредба за укинување на санкциите врз Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му издал директива на секретарот за трезор Стивен Мнучин за укинување на сите воведени санкции врз Турција

1293593
Претседателот на САД Доналд Трамп издаде наредба за укинување на санкциите врз Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека издал наредба за укинување на сите санкции коишто беа воведени врз Турција.

Веднаш потоа и секретаријатот за трезор на САД соопшти дека официјално се укинати санкциите коишто на 14 октомври беа воведени врз Турција.

Трамп одржа состанокот за печатот во Вашингтон.

Велејќи дека имал многу добри односи со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Тој е човек кој ја сака својата земја и прави убави работи. Наскоро би можеле да се состанеме.“

Трамп истакна дека му издал директива на секретарот за трезор Стивен Мнучин за укинување на сите воведени санкции врз Турција.

Во писменото соопштение кое што беше објавено по кусо време од Секретаријатот за трезор на САД, беше известено дека се укинати санкциите коишто беа воведени врз Турција поради операцијата Извор на мирот.

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 9 октомври ја започнаа операцијата Извор на мирот во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија, за воспоставување на мирот и спокојството во оваа земја и регионот.

Потоа, американската управа во овој контекст донесе одлука за воведување на низа санкции врз Турција.



Слични вести