МО. „Нема потреба за нова операција вон предвидениот простор на операцијата Извор на мирот“

Досега се реализирани дадените ветувања со меморандумот во врска со нашата чувствителност

1293022
МО. „Нема потреба за нова операција вон предвидениот простор на операцијата Извор на мирот“

Министерството за национална одбрана на Турција објави соопштение во кое истакна дека нема потреба од преземање нова операција вон просторот во кој се реализира операцијата „Извор на мирот“ во Сирија.

Во соопштението на Министерството беше објавена листа од 6 точки во врска со последните случувања со операцијата Извор на мирот.

Во соопштението беше истакнато дека согласно меморандумот кој беше постигнат меѓу Турција и САД на 17 октомври во врска со источната страна на Еуфрат, беше прогласен прекин на огнот од 120 часа. Досега се реализирани дадените ветувања со меморандумот во врска со нашата чувствителност.

На крајот на поставениот рок, САД соопшти дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ го заврши процесот на повлекување од областа.

Во контекст на средбата на претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин на 22 октомври во Сочи, почнувајќи од денес со војниците на Руската Федерација ќе започнеме заеднички активности на северната страна на Сирија.

Во рамките на постигнатиот меморандум, нема потреба од нова операција за заштита на безбедноста на нашите граници вон просторот во кој се реализира операцијата Извор на мирот и просторот надвор од 30 км во кои делуваат терористите на ЈПГ.



Слични вести