Турција го следи одблизу процесот на излегување на терористите од подрачјето на безбедната зона

Офицерката за печат, јавни односи и презентација при Министерството за национална одбрана потполковничката Надиде Шебнем Актоп, информираше во врска со последните случувања во операцијата Извор на мирот.

1292606
Турција го следи одблизу процесот на излегување на терористите од подрачјето на безбедната зона

Турција соопшти дека се следи со внимателност и одблизу процесот во врска со излегувањето од подрачјето на терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во рамките на постигнатиот договор за пауза во операцијата Извор на мирот чиј пак рок од 120 часа истекува вечерва во 22:00 часот по турско време, од подрачјето излегоа 136 возила.

На одржаниот состанок за информирање на печатот од страна на Министерството за национална одбрана (МНО), офицерката за печат, јавни односи и презентација при министерството потполковничката Надиде Шебнем Актоп, информираше во врска со последните случувања во операцијата Извор на мирот.  

Потсетувајќи дека согласно постигнатиот договор со САД на 17 октомври продолжува рокот од 120 часа којшто е предвиден за повлекување на терористите на ПКК/ЈПГ надвор од определената безбедна зона,  собирање на тешкото наоружување и за уништување на борбените позиции, Актоп ја сподели информацијата дека во овие рамки од подрачјето се излезени 136 возила.

Таа истакна дека елементите на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на местата кадешто се наоѓаат ги преземаат сите видови безбедносни мерки и ги продолжуваат активностите за набљудување

„Додека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) целосно се придржуваат кон договорот (со САД) за воспоставување на безбедната зона, досега од страна на терористите на ПКК/ЈПГ се реализирани 42 провоцирачки напади/прекршувања на тој договор. Нашето легитимно право на самоодбрана против провоцирачките напади/прекршувањата се постојано валидни. Во рамките на операцијата Извор на мирот досега се ослободени 160 населени места и се земени под контрола 2.200 квадратни километри, а се неутрализирани 775 терористи. “ - рече Актоп.

Појаснувајќи дека продолжуваат активностите за чистење на мините и експлозивните направа од рачна изработка во склопот на работите за нормализирање на животот во подрачјето кое е земено под контрола, офицерката за печат и јавни односи и презентација при министерството потполковничката Надиде Шебнем Актоп ја сподели следната информација: „Досега се исчистени 40 мини и 222 експлозивни направи од рачна изработка.“

Таа воедно истакна дека моментално не станува збор за одредена измена во врска со дадениот рок од 120 часа и рече: „По 22:00 часот ќе продолжиме со чистење на мините и експлозивните направи од рачна изработка и утврдување на тунелите. Доколку се соочиме со терористички елементи тие ќе бидат неутрализирани.“



Слични вести