МНР издаде предупредување до турските граѓани кои патуваат или се наоѓаат во Либан

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со предупредување до турските граѓани кои патуваат или се наоѓаат во Либан каде што извесно време се одржуваат протести

1292244
МНР издаде предупредување до турските граѓани кои патуваат или се наоѓаат во Либан

Турција потсети дека учесниците на протестите кои што продолжуваат во Либан ги затвораат магистралните патишта како и патиштата во градовите и коишто водат до аеродромот, поради што им препорача на своите граѓани при патување во оваа земја да се земе во предвид  оваа ситуација.

Во обајвеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи е издадено предупредување до турските граѓани кои патуваат или се наоѓаат во Либан. 

Во соопштението се потсетува на протетсите коишто извесно време како продолжуваат во Либан и се вели следното: „Во Либан каде што извесно време се одржуваат протести учесниците на протестите ги затвораат магистралните патишта како и патиштата во градовите и коишто водат до аеродромот. Се смета дека би било корисно при патувања во Либан со трговска, деловна, туристича или друга цел, да се земе во предвид оваа ситуација.“

Во соопштението исто така се подвлекува дека во врска со ова прашање би било корисно турските граѓани да ги следат сметките на Амбасадата на Турција во Бејрут на социјалните медиуми.



Слични вести