Интервју од Ибрахим Калин за германскиот информативен сервис „Дојче Веле“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека не станува збор за продолжување на рокот од 120 часа и рече дека доколку се биде сигурен во тоа оти ЈПГ/ПКК е целосно повлечена од подрачјето ќе биде сопрена операцијата Извор на мирот

1292205
Интервју од Ибрахим Калин за германскиот информативен сервис „Дојче Веле“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во интервју за германскиот информативен сервис Дојче Веле истакна дека се доживуваат прекршувања и покрај постигнатиот договор за привремено запирање на операцијата Извор на мирот за 120 часа, со цел да се обезбеди сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК да се повлече од безбедната зона.

Калин напомена дека, првата фаза на постигнатиот договор со САД е да се направи пауза во операцијата Извор на мирот, а во втората фаза сепаратистичко-терористичката органзиација ЈПГ/ПКК да се повлече целосно од безбедната зона.

Велејќи дека заклучно со вчера наутро терористичката ЈПГ/ПКК приближно 20 пати го прекрши постигнатиот договор и реализира напади со отворање на снајперски оган, ракетни напади и напади врз турските војници и другите групи, Калин истакна дека поради овие случаи на прекршување загина еден турски војник. 

Тој исто така напомена дека претходниот ден и беше дозволено на терористичката ЈПГ/ПКК да се повлече од безбедната зона при што елементите на ЈПГ/ПКК со 86 возила и амбулантни коли излегоа од подрачјето и притоа не беше доживеан ниту еден инцидент, а го подвлече и тоа дека се надева оти ЈПГ/ПКК денеска до вечер ќе се повлече целосно од подрачјето и согласно постигнатиот договор операцијата ќе биде сопрена.

Нагласувајќи дека не станува збор за продолжување на рокот од 120 часа, Калин истакна дека доколку се биде сигурен во тоа оти ЈПГ/ПКК е целосно повлечена од подрачјето ќе биде сопрена операцијата Извор на мирот и го рече следното: „Ако бидеме сигурни во тоа дека сите терористи на ЈПГ ќе излезат од подрачјето, тогаш ќе ја сопреме операцијата.“

Ибрахим Калин порача дека доколку Турските вооружени сили (ТВС или TSK) потврдат дека подрачјето е безбедно за цивилите нема да постои потреба од продолжување на операцијата и ќе бидат водени хуманитарни активности во подрачјето, а исто така го додаде и тоа дека едната од целите на операцијата Извор на мирот е да се исчисти подрачјето од терористите, а втората цел е да се обезбеди бегалците да се вратат назад во своите домови.

„Затоа, сакаме да ги создадеме поволните услови за враќање на бегалците назад во нивните градови и населени места од каде се дојдени.“ - рече Калин.

Укажувајќи на тоа дека присуството на турските војници во подрачјето ќе го загарантира унапредувањето на политичкиот процес во Сирија и заштитата на сириските бегалци и лицата кои се принудени на внатрешно  раселување, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин го подвлече и следното: „Нашите европски пријатели, треба да им бидат благодарни на нашите војници кои ја реализираат оваа опасна и многу значајна работа.“



Слични вести