Чавушоглу му честита на јапонскиот император Нарухито кој официјално седна на престолот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката со честитка што ја сподели на Твитер, напиша: „Му честитам на 126. император на Јапонија Неговото Височество Нарухито по повод церемонијата на официјално седнување на престолот“

1292447
Чавушоглу му честита на јапонскиот император Нарухито кој официјално седна на престолот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му честита на јапонскиот император Нарухито кој денеска официјално седна на императорскиот престол „Такамикура“, познат по името „Хризантема“.

Чавушоглу, во пораката со честитка што ја сподели на својата сметка на социјаната мрежа Твитер, напиша: „Му честитам на 126. император на Јапонија Неговото Височество Нарухито по повод церемонијата на официјално седнување на престолот. Посакувам периодот 'Реива' да стане повод за добрини за народот на Јапонија и светот.“

Нарухито, императорската должност ја презеде на 1 мај оваа година од неговиот татко 125. император Акихито кој седеше на престолот од 1989 до 2019 година, цели 30 години, а кој поради здравствени причини на 30 април соопшти дека се повлекува од императорскиот престол.



Слични вести