Претседателот Ердоган утре ќе престојува во еднодневна посета на Русија

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган утре во градот Сочи на црноморскиот брег ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе претседаваат и на меѓуделегациските разговори

1291988
Претседателот Ердоган утре ќе престојува во еднодневна посета на Русија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре (22 октомври, 2019 година, вторник) ќе престојува во еднодневна работна посета на Русија.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган утре во градот Сочи на црноморскиот брег ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе претседаваат и на меѓуделегациските разговори.

Во рамките на разговорите се предвидува да стане збор за турско-руските билатерални односи, како и да бидат разменети мислења во врска со регионални и меѓународни прашања на чело со ситуацијата во Сирија.



Слични вести