МНО на Турција: Не е користена ниту една муниција или хемиско оружје кои се забранети со меѓународното право

Офицерката за презентација поморски мајор Надиде Шебнем Актоп на состанокот за информирање рече: „Од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) не е користена ниту една муниција или хемиско оружје кои се забранети со меѓународното право и договорите“

1291892
МНО на Турција: Не е користена ниту една муниција или хемиско оружје кои се забранети со меѓународното право

Од страна на Одделот за односи со јавноста при Министерството за национална одбрана е одржан состанок за информирање во Анкара.

Офицерката за презентација поморски мајор Надиде Шебнем Актоп во говорот на состанокот за информирање истакна дека и покрај постигнатиот договор со САД од страна на терористите на ПКК/ЈПГ од 17 октомври 2019 година од 22:00 часот досега се реализирани вкупно 36 провоцирачки напади/прекршувања.

Актоп напомена дека во операцијата Извор на мирот за 9 дена се неутрализирани вкупно 765 терористи и е воспоставена контролата во 111 населени места на површина од од 1.500 квадратни километри.

Офицерката за презентација поморски мајор Надиде Шебнем Актоп соопшти дека во операцијата Извор на мирот којашто ја води Турција против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, во северниот дел на Сирија, не е употребено хемиско оружје.

Таа рече: „Од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) не е користена ниту една муниција или хемиско оружје кои се забранети со меѓународното право и договорите. Во операцијата Извор на мирот нема цивилни загуби на територијата на Сирија. Во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и САД одблизу се следи излегувањето на терористите на ПКК/ЈПГ од областа во дадениот рок од 120 часа. Досега од областа (безбедната зона) излегоа 125 возила.“



Слични вести