Фуат Октај: Во безбедната зона на северот на Сирија се планира да се вратат приближно 2 милиони бегалци

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека се планира да се обезбеди во безбедната зона во северниот дел на Сирија да се вратат приближно 2 милиони сириски бегалци

1291993
Фуат Октај: Во безбедната зона на северот на Сирија се планира да се вратат приближно 2 милиони бегалци

Потпретседателот Фуат Октај говореше на церемонијата на свеченото отворање на новата академска година на Техничкиот универзитет Јилдиз во Истанбул и овде истакна дека се планира  да се обезбеди во безбедната зона во северниот дел на Сирија да се вратат приближно 2 милиони сириски бегалци. 

Октај рече: „По подрачјата на Еуфратски штит и Маслиново гранче каде што се вратија доброволно 365 илјади бегалци, сега сме крајно одлучни да го доведеме во безбедна состојба за локалниот народ и источниот дел на реката Еуфрат. Со градовите Тел Абјад и Расулајн се исчистени и земени под контрола 65 населени места. Во безбедните зони коишто ги формиравме им ги ставаме во употреба на нашите сириски браќа, без да правиме никаква разлика и без да очекуваме нешто во возврат на тоа, сите основни услуги како што се нивно сместување, изградба на патишта и доставување на електрична струја, а пред се услуги во здравството и образованието."

Нагласувајќи дека утре вечер во 22:00 часот по турско време ќе истече дадената пауза во операцијата Извор на мирот, Фуат Октај рече: ННа крајот на истекот на рокот од 120 часа терористите ќе го остават оружјето ќе излезат од своите дупки и ќе го напуштат подрачјето.“

Привлекувајќи внимание дека Турција нема претензии кон ничија територија, потпретседателот Фуат Октај го рече следното: „Ние немаме (око) претензии кон ничија територија, меѓутоа никако и никако немаме толеранција и ќе го направиме неопходното против оние кои имаат (око) претензии кон нашите територии, нашата безбедност и оние кои имаат различни намери во врска со нашиот мир, нашето единство и заедништво и нашата солидарност. Онака како што беше вчера, онака како што е денеска и онака како што ќе биде утре. Гледаме дека е јасно на виделина кои се оние кои делуваат заедно со терористичките организации и оние кои всушност имаат за цел да формираат терористичка држава веднаш на нашата јужна граница. Кога ќе погледнеме 'Кој се наоѓа зад оваа терористичка организација?' се е јасно. Ние тоа го запишавме на една страна. Тогаш кога ќе дојде време ќе зборуваме повторно.“



Слични вести