Чавушоглу: „Операцијата повторно ќе започне ако не се повлечат терористите“

Утре во Сочи ќе одржиме средба со рускиот претседател Владимир Путин. Мислам дека тоа ќе биде мошне значаен состанок.

1291679
Чавушоглу: „Операцијата повторно ќе започне ако не се повлечат терористите“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушогчу рече дека во случај приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД не се повлечат во предвидениот рок од 120 часа од северната страна на Сирија, тогаш ќе продолжи операцијата Извор на мирот.

Во говорот на специјалната седница „Кризата на глобализацијата: Ризици и можности“ во Истанбулскиот конгресен центар во рамките на ТРТ ворлд форум 2019 што се одржува под покровителство на Турската радио телевизија (ТРТ), министерот Чавушоглу рече:

„Турција верува дека судирите во Сирија единствено можат да се решат со политичко решение.

Над 360 илјади сириски бегалци се вратија во двете области кои беа исчистени од тероризмот.

Во период кога заедно со САД се обидувавме да формираме безбедна зона на теренот, за жал САД и натаму продолжија да и доставуваат оружје и муниција на ПКК/ЈПГ/ПЈД. Затоа откако увидовме дека ја немаме поддршката на сојузниците, одлучивме сами да ја реализираме операцијата Извор на мирот.

Цел на операцијата се само терористите. Турските вооружени сили вложуваат големи напори да не се нанесе штета на цивилното население.

Од 9 октомври кога започна операцијата Извор на мирот, имаме можност да видиме дека се води голема клеветничка и кампања на оцрнување. Турско-курдската реторика што се води е многу погрешна реторика. Курдите не се наши непријатели. Турција има свиј став кон Курдите. Имаме добри односи со Курдите на северот на Ирак и денес Турција е домаќин на 350 илјади Курди од Сирија.

Турција никогаш во историјата не користеше хемиско оружје. И тоа е една од црните пропаганди што се водат против Турција. Не треба да се заборави дека во инвентарот на Турските вооружен сили нема хемиско оружје.

Приврзаниците на терористичката ПКК/ЈПГ/ПЈД се обидуваа да формираат држава на другата страна на границата. Ние ја расипавме оваа игра.

Утре во Сочи ќе одржиме средба со рускиот претседател Владимир Путин. Мислам дека тоа ќе биде мошне значаен состанок.

За повлекувањето на терористите од северната страна на Сирија останаа уште 35 часа, Ако не се повлечат во предвидениот рок, Турција повторно ќе продолжи со операцијата. Моментално од страна на терористите се испукуваат провокативни истрели на кои турските војници одговараат на соодветен начин“ рече министерот Чавушоглу.

Од друга страна, утре во 22.00 часот според турско време завршува 5 дневниот рок (од 120 часа) кој Турција им го постави на терористите да го напуштат областа.



Слични вести