Акар: „Ако САД ги оствари ветувањата, тогаш постои можност за окончување на операцијата“

За жал терористичката организација ЈПГ се стекна со голема поддршка од некои сојузнички земји и цевката на секое оружје кое беше дадено на ЈПГ, беше вперена кон Турција, која е сојузничка и земја членка на НАТО

1291905
Акар: „Ако САД ги оствари ветувањата, тогаш постои можност за окончување на операцијата“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека во случај САД ги одржат ветувањата кои ги дадоа на 17 октомври согласно меморандумот во врска со северот на Сирија, тогаш постои можност за окончување на операцијата Извор на мирот.

Во говорот на седницата на Светскиот форум на ТРТ (TRT World Forum) што се одржува под покровителство на Турската радио телевизија, министерот Акар рече дека целта на операцијата на Турција е заштита на границите и уништување на терористичкиот коридор кој се планира да се формира на северот на Сирија, неутрализирање на сите терористички организации како што се ПКК/ЈПГ/ИСИС(ДЕАШ) и обезбедување безбедно враќање на сите етнички групи во своите домови во Сирија“ рече Акар.

„Еден од приоритетите на Турција секако дека е и заштита на територијалниот интегритет на Сирија“ подвлече Акар и додаде дека согласно меморандумот постигнат со САД, операцијата Извор на мирот засега е суспендирана на период од 120 часови.

Исто така активно го следиме повлекувањето на терористите на ПКК/ЈПГ од регионот. По собирањето на тешкото оружје, уништувањето на сите позиции на терористичката организација како и одржувањето на другите ветувања, во случај повлекувањето заврши на време, тогаш ќе биде окончана операцијата Извор на мирот.“

„За жал терористичката организација ЈПГ се стекна со голема поддршка од некои сојузнички земји и цевката на секое оружје кое беше дадено на ЈПГ, беше вперена кон Турција, која е сојузничка и земја членка на НАТО.

ПКК и ЈПГ во никој случај не можат да ги претставуваат и застапуваат курдските и сириски браќа“ рече Акар.



Слични вести