Во напад на терористите на ПКК/ЈПГ кај Тел Абјад источно од реката Еуфрат загина еден турски војник

Терористите на ПКК/ЈПГ отворија оган со противтенковско и лесно оружје врз турските војници во областа на Тел Абјад во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, при што еден турски војник загина (стана шехид), а еден војник е ранет

1291127
Во напад на терористите на ПКК/ЈПГ кај Тел Абјад источно од реката Еуфрат загина еден турски војник

Во отворениот оган со противтенковско и лесно оружје од страна на терористите на ПКК/ЈПГ за време на задачата за извидување и набљудување на турските војници во областа на Тел Абјад во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, еден турски војник загина (стана шехид), а еден војник е ранет.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се нагласува дека на нападот беше одговорено во рамките на легитимното право на самоодбрана и се вели следното: „И покрај постигнатиот договор за безбедна зона со САД на 17 октомври 2019 година, од страна на терористите на ПКК/ЈПГ се реализирани 20 провоцирачки напади/прекршувања. И покрај сиве овие активности во спротивност со постигнатиот договор, вчера е обезбеден безбеден влез и излез во и од Расулајн на конвојот составен од 39 возила од кои повеќето амбулантни возила и е остварена безбедна евакуација на ранетите и на некои лица од областа.“

"На нашиот загинат војник, шехид, во овој настан кој не облеа во длабока тага и жалост му посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до неговото семејство, до Турските вооружени сили и до нашиот племенит народ, ѝ им посакуваме трпение, а на нашиот ранет војник му посакуваме побрзо оздравување.“

Во едно друго објавено соопштение од Министерството за национална одбрана пак, се доставува следната информација: „Во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и САД Турските вооружени сили го следат одблизу излегувањето на терористите на ПКК/ЈПГ од областа во рок од 120 часа."

Во соопштението се истакнува дека продолжува блиската координација со воените функционери на САД, по прашањето.



Слични вести