Претседателот Ердоган разговараше телефонски со британскиот премиер Џонсон за ситуацијата во Сирија

Претседателот Ердоган и британскиот премиер Борис Џонсон водеа телефонски разговор во врска со билатералните односи и регионални прашања, на чело со ситуацијата во Сирија

1291273
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со британскиот премиер Џонсон за ситуацијата во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и британскиот премиер Борис Џонсон остварија телефонски разговор.

Спроед објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон. 

Во разговорот беа разгледани билатералните односи и регионални прашања.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и САД во врска со североисточниот дел на Сирија се следат одблизу активностите за повлекување надвор од безбедната зона на терористичката организација ПКК/ЈПГ во определениот рок (од 120 часа), собирањето на тешкото оружје и доведувањето во неупотреблива состојба борбените позиции и рововите на терористите.



Слични вести