Претседателот Ердоган: Бројот на амбасадите на Турција во Африка од 12 денеска е зголемен на 42

Претседателот Ердоган рече дека бројот на амбасадите на Африканскиот континент кога неговата партија дојде на власт изнесуваше 12, додека денеска е зголемен на 42

1290947
Претседателот Ердоган: Бројот на амбасадите на Турција во Африка од 12 денеска е зголемен на 42

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се обрати пред учесниците на 3. Самит на верските лидери на африканските земји во Истанбул и истакна дека односите меѓу Турција и Африка се доведени до ниво коешто пред 15 години не можеше ниту да се замисли.

Ердоган рече дека бројот на амбасадите на Африканскиот континент кога неговата партија дојде на власт изнесуваше 12, додека денеска е зголемен на 42.

Тој напомена дека оние кои поради операцијата Извор на мирот спроведуваат ембарго за продажба на оружје кон Турција им доставуваа помош во оружје на терористите во Руанда.

Ердоган изрази уверување дека во наредниот период трговскиот обем меѓу Африка и Турција ќе се зголеми на над 50 милијарди долари.

Појаснуваќи дека западните земји не сакаат Африка да се крене на нозе, да го стави во примена својот извонреден потенцијал и да преовладее мирот на целиот континент, Ердоган продолжи со следните зборови: „Оние кои денеска нам ни одржуваат лекција по правда, право и слобода, во минатото речиси на сите нив има дамка или на масакри, или на окупација или на колонијализам. Веројатно вие знаете подобро од мене прстите на која колонизаторска држава се вмешани во геноцидот во Руанда. Оние спроведуваат ембарго врз нас поради операцијата Извор на мирот им доставуваа помош во оружје на терористите во Руанда не ни помислија да ја сопрат продажбата на оружје.“

Нагласувајќи дека Западниот свет и Обединетите нации (ОН) во текот на точно 3 месеци само гледаа како во Руанда ѕверски беа убиени 800 илјади луѓе, Ердоган напомена дека во позадината на голем број превирања на континентот се наоѓаат западните фирми за оружје и нафта.

Претседателот Ердоган рече: „Воопшто не ги прифативме и не ги прифаќаме тие арогантни, агресивни, наметливи ставови коишто ги презентираат Западните држави кон земјите од континентот.“

Подвлекувајќи дека Турција, ако земја и народ, никогаш не го градеше својот благодет и просперитет над природните извори, потта, трудот и крвта на ниту една друга заедница, претседателот Ердоган додаде: „Како муслимани секогаш ќе ги надгледуваме свеста за уметот и братското право. Вештачките граници меѓу нас не можат да го одредат нашиот хоризонт.“



Слични вести