МНО на Турција: Терористите на ЈПГ/ПКК за 36 часа реализираа 14 провоцирачки напади

Министерството за национална одбрана соопшти дека терористите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, во последните 36 часа реализираа 14 провоцирачки напади

1290921
МНО на Турција: Терористите на ЈПГ/ПКК за 36 часа реализираа 14 провоцирачки напади

Терористите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија во последните 36 часа реализираа 14 провоцирачки напади.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) целосно го почитуваат постигнатиот договор помеѓу Турција и САД на 17 октомври, за формирање на безбедна зона во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели следното: „И покрај тоа, во последните 36 часа од страна на терористите на ЈПГ/ПКК се извршени вкупно 14 провоцирачки напади од кои 12 во населеното место Расулајн, еден во Тел Абјад и еден во Тел Тамир. Установено е дека вознемирувачките провоцирачки напади се реализирани со различно лесно и тешко оружје (хаубици, минофрлачи, тешки митралези ДШК и антитенковско оружје).

Во соопштението на министерството се нагласува дека за успешно спроведување на постигнатиот договор за формирање на безбедна зона, со исклучок на легитимното право на самоодбрана, за продолжување на спокојството се води навремена координација со САД.

 

 



Слични вести