Акар: Секој треба да знае дека ПКК/ЈПГ не може да биде претставник на Курдите, а ДЕАШ не може да биде претставник на исламот

Министерот Хулуси Акар рече: : „Има глупави тврдења од видот на тоа дека се напаѓаат Курдите и им се наштетува на цивилите. Секој треба да знае дека ПКК/ЈПГ не може да биде претставник на Курдите, а ДЕАШ не може да биде претставник на исламот

1290990
Акар: Секој треба да знае дека ПКК/ЈПГ не може да биде претставник на Курдите, а ДЕАШ не може да биде претставник на исламот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на церемонијата на свечено ставање во употреба на неколку новоизградени објекти кадешто потсети дека е направена пауза од 5 дена во операцијата Извор на мирот и напомена дека терористите ќе излезат од безбедната зона, ќе биде собрано тешкото оружје кое се наоѓа во нивните раце и ќе бидат срушени нивните борбени позиции.

Акар истакна дека јуначките чеда на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во операцијата Извор на мирот запишаа со златни букви во нашата славна историја уште еден јуначки еп.

„Доколку не се оствари тоа, операцијата ќе продолжи од онаму кад ешто застана. Подготовките на нашите единици се комплетни. Нашиот морал и нашата мотивација се високи. Штом ќе се издаде наредба, со директива на нашиот претседател сме подготвени за операција кон секоја насока.“ - порача Акар.

Подвлекувајќи дека операцијата Извор на мирот е реализирана во рамките на легитимното право на самоодбрана и дека се почитува територијалниот интегритет на соседните земји, но дека не се посакува терористичка организација на границата на Турција, Хулуси Акар рече: „Има глупави тврдења од видот на тоа дека се напаѓаат Курдите и им се наштетува на цивилите. Секој треба да знае дека ПКК/ЈПГ не може да биде претставник на Курдите, а ДЕАШ не може да биде претставник на исламот.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја оцени како црна пропаганда и тврдењето дека Турција употребила хемиско оружје за време на операцијата во врска со што рече: „Ние не употребивме никаква забранета муниција. Ионака овој вид муниција не се наоѓа во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK).“



Слични вести