Заедничко соопштение од Турција и САД за постигнатиот договор за североисточниот дел на Сирија

Објавеното заедничко соопштение од страна на Турција и САД во врска со североисточниот дел на Сирија се состои од 13 члена

1290093
Заедничко соопштение од Турција и САД за постигнатиот договор за североисточниот дел на Сирија

По вчерашните неколкучасовни средби и разговори на високата американска делегација предводена од потпретседателот на САД Мајк Пенс во Анкара, во чии рамки најрпвин се одржа директна средба лице в лице помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и Пенс, а потоа се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји беше објавено заедничко соопштение од страна на Турција и САД во врска со североисточниот дел на Сирија.

Заедничкото соопштение со кое беше информирана јавноста се состои од 13 члена кои гласаат вака:

1 - Турција и САД како две блиски членки на НАТО ги потврдуваат овие свои односи.

2 - САД ги разбираат легитимните безбедносни грижи на Турција во однос на нејзината јужна граница. Двете земји прифаќаат дека случувањата на теренот изискуваат поблиска координација на основа на заедничките интереси, а на чело со североисточниот дел на Сирија.

3 - Турција и САД со мотото „Сите за еден, еден за сите“ ги зачувуваат своите ветувања за одбрана на териториите на НАТО и своите народи од сите закани.

4 - И двете земји ги повторуваат своите ветувања во однос на одбраната на човечкиот живот, човековите права и верските и етничките заедници.

5 - Турција и САД се одлучни за продолжување на борбата против ДЕАШ во североисточниот дел на Сирија. Тоа вклучува и соодветно координирање во однос на центрите на притвор на раселените лица кои претходно живееле во областите под контролата на ДЕАШ.

6 - Турција и САД се согласуваат во однос на тоа дека операциите за борба против тероризмот треба да целат само против терористичките елементи и упориштата, засолништата, скривниците, позициите, оружјето, возилата и средствата на овие елементи.

7 - Турската страна нагласува дека ќе ги воспоставува животот (егзистенцијаат) и безбедноста на населението кое живее во сите населени места (безбедна зона) во безбедната зона под контрола на турските сили и нагласува дека ќе покажува максимална внимателност за да не дојде до оштетување на цивилите и цивилната инфраструктура.

8 -  И двете земји ја повторуваат својата приврзаност кон политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија и кон политичкиот процес под водство на Обединетите нации (ОН), со кој се има за цел сирискиот спор да се разреши согласно резолуцијата на Советот з абезбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) број 2254.

9 - И двете земји, се согласуваат во однос на значењето и функционирањето на формирањето на безбедна зона за решавање на националните безбедносни грижи на Турција, вклучувајќи го и собирањето на тешклото оружје на ЈПГ и доведување во неупотреблива состојба (уништување) на позициите и сите борбени позиции и ровови на ЈПГ.

10 - Безбедната зона ќе биде под контрола на Турксите вооружени сили (ТВС или TSK) и и двете страни ќе ја зголемат координацијата во спроведувањето (применувањето) на безбедната зона со сите нејзини аспекти. 

11 - Турската страна, за да се обезбеди повлекување на ЈПГ од безбедната зона во рок од 120 часа (5 дена) ќе ја запре за привремено операцијата Извор на мирот, по завршувањето на ова повлекување операцијата ќе биде сопрена.

12 - Откако ќе се запре за привремено операцијата Извор на мирот, САД се согласуваат да не воведат дополнителни санкции во согласност со претседателската уредба насловена како „Blocking Property and Suspending Entry of Certain Persons Contributing to the Situation in Syria“ од 14 октомври 2019 година. Откако операцијата Извор на мирот ќе биде прекината согласно членот 11, ќе бидат укинати и постоечките санкции кои што се ставени во примена согласно претседателскиот указ.

13 - И двеет страни ветуваат дека ќе работат заедно за применување на сиве овие цели внесени во ова соопштение.

Ете тоа е содржината на објавеното заедничко соопштение од страна на Турција и САД во врска со североисточниот дел на Сирија составено од 13 члена, за кое беше постигнат договор помеѓу Турција и САД за време на вчерашните неколкучасовни средби и разговори во Анкара на американската висока делегација предводена од американскиот потпретседател Мајк Пенс.

 

 



Слични вести