Во отворен оган од страна на терористите кај градот Ван еден турски војник загина,а двајца се ранети

Во објавеното соопштение од губернијата на Ван се истакнува дека во отворен оган од иранска страна на границата врз војниците кои патролираа во близина на населеното место Чалдиран кај градот Ван, еден турски војник загина, а двајца војници се ранети

1290158
Во отворен оган од страна на терористите кај градот Ван еден турски војник загина,а двајца се ранети

Во отворен оган од страна на терористите од иранска страна на границата во близина на населеното место Чалдиран кај градот Ван, еден турски војник загина, а двајца војници се ранети.

Во објавеното соопштение од губернијата на Ван се истакнува дека синоќа во 22:00-22:15 часот беше отворен оган од иранска страна на границата врз војниците кои патролираа во областа на пограничната станица Согуксу кај месноста Узунјол во близина на населеното место Чалдиран.

Војниците одговориле на отворениот оган при што во вооружената престрелка до која дошло еден турски војник загинал, а двајца војници биле ранети.

Ранетите војници со хеликоптер биле префрлени на лекување во болницата за истражување на Универзитетот Јузунџу Јил во градот Ван и здравстената состојба им била добра.



Слични вести