Претседателот на Собранието Шентоп: Со постигнатиот договор со САД, Турција ги постигна своите цели

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во својата објава на Твитер истакна дека со постигнатиот договор со САД Турција ги постигна своите цели коишто ја претставуваа основата на операцијата Извор на мирот

1290364
Претседателот на Собранието Шентоп: Со постигнатиот договор со САД, Турција ги постигна своите цели

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер во врска со постигнатиот договор помеѓу Турција и САД за привремено запирање на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Шентоп во својата објава истакна дека со постигнатиот договор со САД Турција ги постигна своите цели коишто ја претставуваа основата на операцијата Извор на мирот.

Претседателот на Собранието Шентоп, во својата објава на Твитер напиша: „Турција, со постигнатиот договор вчера со САД ги постигна своите цели коишто ја претставуваа основата на операцијата Извор на мирот. Се регистрирани (заведени) случувањата и ставот на страните во текот на овој процес. Согледана е воената и политичката сила на Турција; колку и е силна меморијата пак, ќе се увиде со време.“



Слични вести