Ердоган: Ако САД не го исполнат своето ветување операцијата ќе продолжи многу порешително

Претседателот Ердоган истакна дека ако САД на крајот на 120 часа не го исполнат своето ветување, операцијата Извор на мирот ќе продолжи многу порешително оттаму каде што застана

1290590
Ердоган: Ако САД не го исполнат своето ветување операцијата ќе продолжи многу порешително

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул се состана со претставниците на странските медиуми.

Во оваа пригода, претседателот Ердоган истакна дека ако Соединетите Американски Држави (САД) на крајот на 120 часа не го исполнат своето ветување, операцијата Извор на мирот ќе продолжи многу порешително оттаму каде што застана.

Нагласувајќи дека во безбедната зона којашто ќе се формира во северниот дел на Сирија е планирано враќањето назад на 1 до 2 милиони сириски бегалци, Ердоган рече: „Од 3,6 милиони Сиријци кои се уште се во нашата земја 350 илјади се состојат од Курди кои се дојдени од местата коишто се наоѓаат под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Тој напомена дека откако за кусо време од неколку точки се достигна до длабочина од 30 километри наеднаш се промени ставот на некои земји на чело со САД и Европа, и рече: „Мислам првите два дена, поради тоа што мислеа дека Турција не ќе може да постигне ваков успех покажаа релативно мала реакција. Откако беше разбрано дека Турција успешно ќе ја реализира операцијата, реакциите се повишија до ниво коешто ги надмина границите на умот и логиката.“

Ердоган подвлече дека Турција од секој аспект спроведе операција со внимателност којашто би можела да се сретне многу малку во светот, а воедно го додаде следното: „Турските вооружени сили (ТВС или TSK) нема да излезат од подрачјето, бидејќи тоа го налага основата на безбедноста таму.“

„Посакувам Уставниот комитет кој ќе се состане на 30 октомври во Женева, да стане точка на пресвртница на процесот за политичко решение во Сирија.“ - рече Тој.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  продолжи со следните зборови: „Операцијата Извор на мирот ја реализиравме поради тоа што моравме да го направиме тоа. Доколку се слушнеа (земаа во предвид) нашите предупредувања по прашањето на терористичката организација ПКК-ЈПГ, сега немаше да се бавиме со еден ваков проблем.“

Ердоган покажа реакција и на писмото на американскиот претседател Доналд Трамп кое зазеде место во медиумите во врска со што рече: „Тогаш кога ќе дојде времето за тоа, ќе биде направено неопходното по ова прашање.“



Слични вести