Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич: Терористичката ЈПГ/ПКК/ПЈД не е пријател на САД

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич во програма на американскиот телевизиски канал „PBS“ истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК/ПЈД не им е пријател на Соединетите Американски Држави (САД)

1290299
Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич: Терористичката ЈПГ/ПКК/ПЈД не е пријател на САД

Амбасадорот на Турција во Вашингтон-САД Сердар Килич беше гостин во програмата „News Hour“ на американскиот телевизиски канал „PBS“ кадешто одговараше на поставените прашања на водителот во врска со постигнатиот договор помеѓу Турција и САД за северниот дел на Сирија

Амбасадорот Сердар Килич истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК/ПЈД не им е пријател на Соединетите Американски Држави (САД) и дека е терористичка организација која поддршката на САД ја користи за марксистичка држава во Сирија.

Килич напомена дека договорот за којшто станува збор не значи „прекин на огнот“, дека прекин на огнот е можен помеѓу две легитимни страни и дека тоа значи запирање на операцијата за излегување на елементите на ЈПГ/ПКК/ПЈД од подрачјето каде се наоѓаат.

Велејќи дека кај Вашингтон постои сериозна конфузија во главите помеѓу изразите како што се „сириски Курди“ и „ЈПГ/ПКК“, Килич подвлече дека ЈПГ/ПКК/ПЈД не ги претставува сите Курди кои живеат во подрачјето.

Амбасадорот Сердар Килич рече: „За нас ЈПГ/ПКК/ПЈД е егзистенцијална закана. Нашата операција против ЈПГ/ПКК/ПЈД и нашата борба против ДЕАШ не се чекори коишто се исклучуваат една од друга. Ние од рацете на ПКК изгубивме 40 илјади наши луѓе.“

Одговарајќи на едно прашање во врска со нацртот со санкции со којшто се цели кон Турција, на американските сенатори Републиканецот Линдзи Грахам и Демократот Крис Ван Холен, амбасадорот Килич ја изнесе следната констатација: „Пораката којашто ја даваат сенатори од висок ранг како Линдзи Грахам и Крис Ван Холен, ако треба да кажам отворено, ги повреди чувствата на турскиот човек.“

Килич нагласи дека тоа што САД за борба против ДЕАШ најпрвин почнаа да соработуваат со ЈПГ/ПКК/ПЈД претставува голема грешка и рече: "Не можете да реализирате една успешна операција со користење на една терористичка организација против друга терористичка организација." 

"ЈПГ/ПКК/ПЈД не е пријател на САД. Тие се група која поддршката на САД ја користи за формирање на марксистичка држава во Сирија. Нашата основна цел пак, е да се воспостави територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија." - подвлече амбасадорот на Турција во Вашингтон-САД Сердар Килич.



Слични вести