Од Чавушоглу за „BBC“: Операцијата напредува доста позитивно и Турција делува мошне одлучно

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека доколку Русија во придружба на сириската армија ги извади елементите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Турција нема да се спротивстави на тоа

1289950
Од Чавушоглу за „BBC“: Операцијата напредува доста позитивно и Турција делува мошне одлучно

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на британскиот телевизиски канал „BBC“ („Би-Би-Си“) кадешто одговараше на прашањата во врска со операцијата Извор на мирот којашто ја започна Турција источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, а со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди да се форми на нејзината јужна граница и да се донесе мир и спокојство во регионот.

Чавушоглу истакна дека доколку Русија во придружба на сириската армија ги извади елементите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Турција нема да се спротивстави на тоа. 

Тој напомена дека операцијата Извор на мирот напредува доста позитивно и дека Турција делува крајно одлучно. 

Алудирајќи на Расулајн и Тел Абјад велејќи „Исчистени се два големи града“, Мевлут Чавушоглу подвлече дека Турција го почитува територијалниот интегритет на Сирија и дека меѓународното право и договорите и резолуциите на Обединетите нации (ОН) ја сочинуваат основата за операциите.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу до додаде и тоа дека Турција не е одговорна за терористите на ДЕАШ кои терористичката организација ЈПГ/ПКК ги ослободува.



Слични вести