Министерот Акар предупреди за можна провокација од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК

Министерот Хулуси Акар предупреди дека пристигнуваат информации дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе употреби хемиско оружје и ќе се обиде вината да ја префрли на Турските вооружени сили и со тоа да создаде одредена перцепција

1289883
Министерот Акар предупреди за можна провокација од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по приемот на советникот за национална безбедност на САД Роберт Чарлс О'Брајан и делегацијата во негова придружба даде изјава за претставниците на печатот каде што истакна дека на средбата било разговарано за последната состојба во Сирија, како и за одбранбени и безбедносни прашања.

Акар соопшти дека пристигнуваат информации во однос на тоа дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе употреби хемиско оружје и ќе се обиде вината да ја префрли на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и со тоа да создаде одредена перцепција.

Меѓутоа, Хулуси Акар напомена дека од страна на секого се знае фактот дека во инвентарот на Турските вооружени сили (ТСК или TSK) нема хемиско оружје.

„Заедно со состојбата во регионот којашто брзо се менува и развива, се појавуваат и одредени тешкотии. Пристигнуваат информации дека терористичката организација ќе употреби хемиско оружје и ќе се обиде вината да ја префрли врз нашите Вооружени сили и со тоа да создаде одредена перцепција. Од страна на секого се знае фактот дека во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) нема хемиско оружје. Освен тоа, постојат информации и во однос на тоа дека преку масовни напади коишто терористичката организација ќе ги изврши врз цивилите ќе се обидат да создадат перцепција дека во регионот сè уште продолжува заканата од ДЕАШ.“ - рече Акар.

Нагласувајќи дека на средбата со делегацијата на САД било разговарано за последната ситуација во Сирија и за одбранбени и безбедносни прашања и дека притоа уште еднаш биле доставени сите ставови и барања на Турција, министерот за национална одбрана Хулуси Акар во продолжение рече: „Нашата операција Извор на мирот продолжува во усогласеност со нашите национални, духовни и стручни вредности. Се покажува секој вид внимателност и чувствителност за да не им се наштети на цивилите и невините луѓе независно од нивното верско или етничко потекло, историските, културните и верските градби и инфраструктурните објекти во подрачјето на операцијата, како и елементите на пријателските и сојузничките земји кои би можеле да се најдат во подрачјето и животната средина. Ние не само на безбедноста на нашаѕа земја и на нашиот народ, истовремено им придаваме мошне големо значење на безбедноста и на Курдите, Арапите, Асирците, Христијаните, Арамејците, Езидите, Келданите и на другите верски и етнички групи кои живеат во регионот.“

По прашањето на невистинитите вести објавени особено во странските медиуми во врска со операцијата Извор на мирот, министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека се објавуваат бројни невистинити вести и видеоснимки во оваа насока и рече: „Во медиумите гледаме бројни невистинити вести и снимки од уривање на авион до прикажување на експлозија од вежба во друга земја како да се случила во подрачјето. Со ваквите лажни вести сакаат да причинат сенка врз чувствителноста и успехот на нашите вооружени сили на теренот. Уште еднаш сакам да истакнам дека тоа нема да функционира.“



Слични вести