Ибрахим Калин го прими специјалниот претставник на Русија за Сирија Лаврентиев

Ибрахим Калин и специјалниот претставник на Русија за Сирија Александар Лаврентиев постигнаа согласност по прашањето на спречување на заканата којашто ја претставуваат терористичките организации против територијалниот интегритет на Сирија

1289903
Ибрахим Калин го прими специјалниот претставник на Русија за Сирија Лаврентиев

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин го прими во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, специјалниот претставник на Руската Федерација за Сирија Александар Лаврентиев и делегацијата во негова придружба.

Ибрахим Калин и Лаврентиев постигнаа согласност по прашањето на спречување на заканата којашто ја претставуваат терористичките организации против територијалниот интегритет на Сирија.

На состанокот беше разговарано за последните случувања во Сирија, во чии рамките беа разгледани стратешки прашања, а посебно операцијата Извор на мирот, Идлиб и Менбич.

На разговорите беше нагласено дека операцијата Извор на мирот се реализира со цел да се надминат националните безбедносни грижи на Турција и да се обезбеди безбедно враќање назад на сириските бегалци.

Беше постигната согласност по прашањето на спречување на заканата којашто ја претставуваат за територијалниот интегритет на Сирија сите терористички организации вклучувајќи ги и ПЈД/ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, како и продолжување на соработката помеѓу Турција и Русија по оваа сфера. 

Освен тоа, на средбата беше направена проценка и на процесот на политичко решение и постигнатиот развој во активностите по прашањето на Уставниот комитет за Сирија.



Слични вести