Турција ги предупреди европските земји во однос на насилствата на терористичката ПКК

Во соопштението на МНР на Турција се истакнува дека и покрај сите доставени предупредувања до органите на земјите (во Европа) сè уште продолжуваат демонстрациите и насилствата на елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1289005
Турција ги предупреди европските земји во однос на насилствата на терористичката ПКК

Турција, ги предупреди европските земји во однос на демонстрациите и насилствата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција по ова прашање, се нагласува дека со започнувањето на операцијата Извор на мирот од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 9 октомври, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија; и покрај сите доставени предупредувања до органите на земјите (во Европа) сè уште продолжуваат демонстрациите и насилствата на елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Се подвлекува дека треба да бидат зголемени мерките за одбрана на животната и имотната безбедност на Турците во европските земји.

Во соопштението се вели следното: „Необјасниво е тоа што се покажува нечувствителност (се останува индиферентен) кон терористичките напади врз работните места и домовите на турската заедница, нашите џамии, нашите претставништва и вработените во нашите претставништва. Ние потсетуваме за нашите очекувања од релевантните земји да се зголемат мерките за да се заштитат нашите дипломатски и конзуларни претставништва и да се одбранат животната и имотната безбедност на нашите граѓани и нашиот персонал во странство, како и да се покаже максимална чувствителност по ова прашање. Треба да се знае дека ќе се следи од нашата страна напаѓачите да бидат утврдени и изведени пред лицето на правдата и да бидат казнети.“

 



Слични вести