Претседателот Ердоган: Турција нема да седне на преговарачка маса со една терористичка организација

Претседателот Ердоган истакна дека Турција нема да седне на преговарачка маса со една терористичка организација

1288832
Претседателот Ердоган: Турција нема да седне на преговарачка маса со една терористичка организација

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од Баку, Азербејџан, кадешто учествуваше на 7. Самит на Турскиот совет даде изјава за претставниците на печатот каде што истакна дека Турција нема да седне на преговарачка маса со една терористичка организација.

Нагласувајќи дека во операцијата Извор на мирот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сириј,а се покажува максимална претпазливост за да не им се наштети на цивилите, Ердоган рече: „Ние нашата операција ја реализираме во целост против терористичките организации.“

„Целта на операцијата Извор на мирот се знае; Да ги исчистиме нашите граници од секој вид терористички елемент и да обезбедиме безбедно враќање на бегалците во нивните домови, и тоа согласно нивниот избор. Операцијата ќе продолжи се додека не ги постигне своите цели.“ - порача претседателот Ердоган.

Тој напомена дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ која до скоро време делуваше заедно со Соединетите Американски Држави (САД) сега ги бара патиштата за договарање со сирискиот режим и продолжи со следните зборови: „Тогаш јас ги прашувам Западните земји; Кој е вашиот вистински сојузник? Турција или ПЈД-ЈПГ или ДЕАШ? Оние кои ги извадија (пуштија) од затвор (во Сирија) припадниците на ДЕАШ се овие (ПЈД-ЈПГ), а вие сте оние кои останувате безгласни на тоа.“ 

На едно поставено прашање „Дали Трамп сака Турција да ги преземе припадниците на ДЕАШ (во затвор во Сирија)?, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одговори: „Затворите во кои се наоѓаат припадниците на ДЕАШ не се наоѓаат само во Рака. Ги има и во северниот дел. Нив ќе ги преземеме. Затворите во кои се наоѓаат тешко е да се наречат затвори. Странските борци ќе ги испратиме во нивните земји. Ќе ги зафати оган. Франција ќе вели 'не ги праќајте', Германија ќе вели 'не ги праќајте'. Потоа ќе преминеме на нивно судење пред судови коишто ќе ги формираме во затворите. За оние надвор од овие граници нека мислат САД.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека за координирање на случувањата на теренот се разговара со САД и со Русија.

„Прексиноќа разговарав со господинот Доналд Трамп. Пред тоа разговарав со (францускиот претседател Емануел) Макрон. На предлогот на САД 'прогласете прекин на огнот, и ние да посредуваме за преговори', одговорив 'јас всушност и од аспект на военото право и од аспект на политиката никако не го сметам за правилно една земја како САД да застане меѓу една терористичка организација и еден ваш сојузник како што е Република Турција'. Му го реков тоа на господинот Трамп.“ - рече претседателот Ердоган.

 

 



Слични вести