Потпретседателот и државниот секретар на САД, Пенс и Помпео, ќе допатуваат во посета на Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот што го одржа во дворот на Белата куќа соопшти дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео денеска ќе заминат во посета на Турција за водење разговори посветени на прашањето со Сирија

1288736
Потпретседателот и државниот секретар на САД, Пенс и Помпео, ќе допатуваат во посета на Турција

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео денеска приквечер ќе допатуваат во Турција на средби и разговори по прашањето ан Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот што го одржа во дворот на Белата куќа соопшти дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео денеска ќе заминат во посета на Турција за водење разговори посветени на прашањето со Сирија.

Нагласувајќи дека американските војници извршуваат задача на „полицајци“ на Блискиот исток и дека сака веќе да се вратат дома, Трамп рече: „Делегацијата (во која се наоѓаат Пенс и Помпео) ќе побара прекин на огнот.“

Во меѓувреме и во објавеното писмено соопштение од канцеларијата за печат на американскиот државен секретар Мајк Помпео, се истакнува дека потпретседателот Мајк Пенс на 17 октомври, во четврток ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Во соопштението се нагласува дека на средбата на американскиот потпретседател Мајк Пенс со претседателот Ердоган првенствено ќе се разговара за прашањето за воспоставување на прекин на огнот во североисточниот дел на Сирија.



Слични вести