Ердоган: Доколку сите терористи оваа ноќ го остават оружјето и излезат од безбедната зона ќе престане и операцијата Извор на мирот

Претседателот Ердоган истакна дека доколку сите терористи во Сирија веднаш оваа ноќ го остават оружјето и излезат надвор од безбедната зона којашто е прогласена од страна на Турција, ќе престане и операцијата Извор на мирот

1289107
Ердоган: Доколку сите терористи оваа ноќ го остават оружјето и излезат од безбедната зона ќе престане и операцијата Извор на мирот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање на состанокот на Пратеничката група на својата АК Партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) се осврна на операцијата Извор на мирот којашто продолжува источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Овде претседателот Ердоган даде значајни изјави во врска со операцијата.

Тој истакна дека операцијата Извор на мирот којашто ја водат Турските вооружени сили, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, ќе заврши откако сите терористи во Сирија го остават оружјето и излезат надвор од безбедната зона определена од страна на Турција.

Велејќи дека сириското прашање кое 8 години како трае е производ на обидот за наново дизајнирање на Северна Африка и Блискиот исток, претседателот Ердоган рече: „Земјите кои материјално го поддржуваат и усмеруваат ДЕАШ, денеска пред нас како непријател го поставуваат ДЕАШ. Мошне е јасно дека не е во прашање ДЕАШ, а поготово не е никако ПКК, туку само да се стави во примена еден проект кон нашиот регион.“

Ердоган истакна дека Турција или ќе се предаде пред улогата која што и се крои во сценариото напишано во Европа, Америка, или ќе води борба.

Тој рече: „Во минатото на Турција никако не постоел изборот да се предаде. Ние знамето на борбата го подигнавме заедно со нашиот народ, велејќи 'Независност или Смрт'. Ионака не би му доликувало нешто друго и на еден народ кој ја формирал својата држава.“

Ердоган, во својот говор ја постави на мета Арапската лига (АЛ) која се спротивставува на операцијата Извор на мирот и потсетувајќи дека од 6 милиони Сиријци кои ја напуштија Сирија 4 милиони дојдоа во Турција, рече: „Овие бегалци од кои речиси сите се Арапи дојдоа кај нас. Еј, Арапска лиго прашувам колку Сиријци примивте вие. Вие ја исклучивте Сирија од Арапската лига.“

Претседателот Етдоган напомена дека Турција во ниту еден период во својата историја не извршила масакр врз цивилите и подвлече дека тврдењата и во врска со операцијата Извор на мирот во оваа насока претставуваат клевета.

„Тоа не го дозволуваат ниту нашето верување, ниту нашата култура, ниту нашата етика. Ние не се бориме против сирискиот народ, туку заедно со сирискиот народ се бориме против тиранијата (зулумот).“ - нагласи Тој.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган како последно соопшти дека доколку сите терористи во Сирија веднаш оваа ноќ го остават оружјето и излезат надвор од безбедната зона којашто е прогласена од страна на Турција, ќе престане и операцијата Извор на мирот. 

 



Слични вести