Ибрахим Калин: Безбедната зона на северот на Сирија воопшто нема да ѝ наштети на борбата против ДЕАШ

Портпаролот во претседателскиот кабинтет Ибрахим Калин, изјави за британски „BBC“ дека безбедната зона којашто Турција сака да ја формира во северниот дел на Сирија воопшто нема да ѝ наштети на борбата против терористичката организација ДЕАШ

1289131
Ибрахим Калин: Безбедната зона на северот на Сирија воопшто нема да ѝ наштети на борбата против ДЕАШ

Портпаролот во претседателскиот кабинтет Ибрахим Калин, беше гостин во програмата на британскиот телевизиски канал „BBC“ („Би-Би-Си“), каде што даде изјави во врска со операцијата Извор на мирот којашто е започната со цел да се уништи терористичкиот коридор за кој се водат обиди за формирање на јужната граница на Турција и да се донесе мир и спокојство во регионот.

Калин истакна дека Турција за безбедноста на сирискиот народ и за сириските бегалци од оваа земја има направено многу повеќе од другите земји и нагласи дека безбедната зона којашто Турција сака да ја формира во северниот дел на Сирија воопшто нема да ѝ наштети на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Тој рече: „Ние во Џераблус се боревме против ДЕАШ. Уапсивме повеќе од 5 илјади. Повеќе од 8 илјади пак, екстрадиравме или депортиравме. Во Џераблус неутрализиравме и околу 3 илјади. Ќе прдоолжиме да работиме за да не се врати назад воопшто ДЕАШ. Во Ирак, во Сирија или на друго место.“

На поставеното прашање како Турција тоа ќе го земе под гаранција, Ибрахим Калин го изнесе како пример сето она што беше направено во Африн, во Џераблус и во Идлиб.

Потсетувајќи дека Турција која за безбедноста на сирискиот народ и за сириските бегалци има направено многу повеќе од другите земји е домаќин на приближно 4 милиони сириски бегалци и овие бегалци ги заштитува од нападите на ДЕАШ внатре во земјата и во Сирија, Калин рече: „Нашата борба против ДЕАШ ќе продолжува и никако нема да се намали. Освен тоа, ќе продолжиме да соработуваме и со меѓународната коалиција која продолжува против ДЕАШ. Со Европа, Америка, Иран, арапските земји, Русија и другите. Бидејќи, ДЕАШ е заеднички непријател. Со нив водевме борба и ќе продолжиме да водиме борба.“

Портпаролот во претседателскиот кабинтет Ибрахим Калин, и во својата објава што ја сподели на својата сметка на Твитер напиша: „Нашата борба против тероризмот, воопшти нема да ја доведе во опасност или пак да ја намали борбата против ДЕАШ. ПКК/ЈПГ е таа која затворениците на ДЕАШ ги користи како адут за пазарење во валканата војна.“



Слични вести