Чавушоглу: Причината за оваа вознемиреност кај некои земји е тоа што ние ја расипавме оваа игра

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека кога се во прашање егзистенционалните национални безбедносни интереси не можат да се прифатат никакви санкции или закани без оглед на тоа од чија страна доаѓаат

1289263
Чавушоглу: Причината за оваа вознемиреност кај некои земји е тоа што ние ја расипавме оваа игра

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги информираше пратениците во Големото Народно Собрание на Турција во врска со операцијата Извор на мирот којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 9 октомври, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, против терористичките организации во ова подрачје.

Чавушоглу истакна дека кога се во прашање егзистенционални национални безбедносни интереси не можат да се прифатат никакви санкции или закани без оглед на тоа од чија страна доаѓаат.

Причината поради која некои земји се многу вознемирени од операцијата Извор на мирот, Мевлут Чавушоглу ја објасни со следните зборови: „Причината за оваа вознемиреност е тоа што ние ја расипавме оваа игра. Овде сакаа да формираат терористичка држава. И причината поради која толку многу не напаѓаат нас е разочараноста што ја доживеаја откако ја расипавме оваа игра. Тоа е поради таквиот резултат.“

Велејќи дека многу добро го знаат дволичниот став на Западот, Чавушоглу напомена дека за жал беа непродуктивни разговорите со САД по прашањето на формирање безбедна зона, додека оние кои ги поддржуваат терористичките организации не водат никаква грижа за територијалниот интегритет на Сирија.

Мевлут Чавушоглу се осврна и на состојбата на затворените припадници на ДЕАШ во врска со што нагласи дека испраќањето назад во нивните земји на сите странски терористи претставува најкоренито решение.

Во врска со одлуката на САД за воведување санкции против Турција пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Нашиот став во врска со едностраните политики и одлуки на САД е јасен. Кога станува збор за одбрана на нашите егзистенционални национални безбедносни интереси, сите други размислувања се детали. Во еден ваков период не можат да се прифатат ниту една санкција и закана, без оглед на тоа од чија страна доаѓаат.  Секако и на овие санкции за коишто станува збор ќе го дадеме и потребниот одговор и ќе ги фрлиме неопходните чекори, во рамките на принципот на реципроцитет.



Слични вести