Во областа Гара на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана на својата сметка на Твитер соопшти дека во воздушна операција се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле утврдени во областа Гара во северниот дел на Ирак

1288548
Во областа Гара на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле утврдени во областа Гара во северниот дел на Ирак.

На сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер е објавено соопштение во врска со операцијата.

Во соопштението се истакнува дека со координирана работа на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Националната разузнавачка служба (МИТ) е реализирана воздушна операција на областа Гара на северот на Ирак во која се неутрализирани двајца утврдени терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести